На 21 септември 2016 година, во хотел „Холидеј Ин“, беше одржан официјален настан на проектот „Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системите за стручно образование и обука и образование на возрасни“. На настанот поздравни говори одржаа г-н Пиштар Лутфиу, Министер за образование и наука, и г-н Мауро ди Вероли, Раководител на Одделот за операции на Делегацијата на ЕУ во Скопје. Исто така, на присутните им се обратија и Неговата Екселенција Чарлс Гарет, Амбасадор на Обединетото Кралство, и Нејзината Екселенција Кристина Д. Алтхаусер, Амбасадор на Сојузна Република Германија.
Очекуваните резултати од проектот беа презентирани од страна на Лидерот на тимот на проектот, г-н Стефан Џон, и Клучниот експерт бр. 2, г-ѓа Маријана Матаке. Со оглед на фактот дека работодавачите имаат значајна улога во процесот на реформирање на ДУ, како во стручното образование и обука, така и во образованието на возрасни, работодавачите г-ѓа Соња Бибановска (Генерален менаџер на хотелот „Холидеј Ин“) и г-н Кристијан Даниловски (Генерален менаџер на фирмата ФX3X), исто така, одржаа свои презентации, во рамките на кои објаснија што очекуваат од реформираните програми, со цел образовниот систем да биде координиран со потребите на пазарот на трудот.