Стручното образование и обука нудат разновидни можности, а сите тие зависат од вашиот избор. Во земјава има
73 училишта за СОО и вие можете да изберете едно од нив.
Она што е најважно, сите реформирани профили се базирани на пазарот на труд – што и да изберете, за истото е веќе утврдено дека тоа е нешто за кое има слободни работни места. Покрај тоа, постојат некои аспекти кои треба да се земат предвид:
- Секогаш изберете образование за коешто имате афинитети – доколку имате советник за избор на кариера во вашето училиште или имате можност да се консултирате со таков советник, земете ги предвид нивните совети - тие се обучени за да ви помогнат да утврдите што е она што е најдобар избор за вас;
- Разгледајте ги модулите, тие се нови во нашиот образовен систем - тие ви нудат флексибилност и можност за промена на фокусот во текот на образовниот процес;
- СОО е насочено кон практични знаења - бидете свесни дека без оглед на тоа кое занимање ќе го изберете, треба да сте подготвени да учите на практично ниво;
- Размислете за иднината - што ви нуди конкретното училиште по завршувањето;
- Обидете се да ги разберете трендовите - кои индустрии се во фокусот во моментов и кои занимања се најбарани.
Листа на занимања за кои постои побарувачка во моментов или ќе постои побарувачка во иднина:
ИНТЕРЕСЕН ФАКТ
Во Финска - земја која ужива углед на земја со еден од најдобрите образовни системи во светот - 45% од учениците избираат техничка насока, а не академска насока, по завршувањето на основното образование.